МО на Русија: Лага е дека во соборениот авион требало да има високи руски функционери

од Stefanija Kuzmanovska
470 прегледи

Руското министерство за одбрана наведува дека е лажна изјавата на портпаролот на Главната разузнавачка управа на министерството за одбрана на Украина, Андреј Јусов, дека во соборениот авион „Ил-76“ требало да има високи руски функционери.

Јусов изјавил дека во авионот требало да бидат неколку ВИП лица од воено-политичкото раководство на Русија.

„Но, во последен момент, Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) им нареди да не се качуваат и да не користат други видови на транспорт“, рече тој во интервју за „Радио Слобода“.

Руското министерство за одбрана нагласи дека Киев знаел за транспортот на украинските војници и за претстојната размена, која требало да се случи подоцна во среда на границата на регионите Белгород и Суми, пренесува RT Balkan.

„Нападот на авионот беше намерна и свесна акција. Владетелите од Киев не се грижат за човечкиот живот. Тие ги гледаат луѓето како потрошен материјал. Јасно е дека криминалниот режим на Зеленски е вистинска закана не само за Русија, туку и за Украина, нејзините обични граѓани – целиот свет. Додека е во агонија, тој е способен за најмонструозни злосторства“, се вели во соопштението на министерството за внатрешни работи на Русија.

Слични содржини