282
Руските војници целосно ја окупираа фабриката за кокс во Авдејевка, соопшти денеска министерството за одбрана на Русија.
„Воената група Центар, напредувајќи во офанзивата, ја презеде целосната контрола над фабриката за кокс. На административните згради на фабриката беа истакнати руски знамиња“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.
Се додава дека украинските единици продолжиле да се повлекуваат.