261
Министерството за одбрана на Руската Федерација денеска соопшти дека во последните 24 часа биле уништени две тактички ракети од типот ATACMS.
Инаку, ова е првпат овие проектили да бидат соборени откако ракетите влегоа во арсеналот на украинската армија.
„Во изминатите 24 часа, две оперативно-тактички ракети ATACMS од американско производство, противвоздушни ракети С-200 претворени за гаѓање копнени цели, како и две антирадарски ракети HARM и два ракетни система за повеќекратно лансирање HIMARS од американско производство биле пресретнати“, соопшти министерството за одбрана на Руската Федерација.