Комерцијалниот авион Ан-12Б со украински екипаж, кој се урна во Грција на 16 јули, бил во сопственост на приватна компанија, соопшти украинското Министерство за одбрана.
– Според податоците на Министерството за одбрана на Србија, авионот превезувал стока од српско производство за крајниот купувач, Министерството за одбрана на Народна Република Бангладеш – се наведува во извештајот.
Украинското Министерство за одбрана изрази сочувство до семејствата на загинатите членови на екипажот и истакна дека украинската воена авијација е стационирана во одредени области на распоредување и продолжува да извршува мисии за спротивставување на руската вооружена агресија.
– Украинското Министерство за одбрана сеопфатно ќе го разгледа овој инцидент и ќе извести за општествено значајни детали доколку се открие некој од нив – нагласуваат од министерството, пренесува „Укринформ“.