МО на Украина: Ситуацијата во регионот Харков е тешка

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Ситуацијата во регионот Харков е тешка, но и покрај тоа, украинските сили ги одбиваат руските напади и во текот на минатата недела повторно зазедоа неколку квадратни километри на источниот фронт, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.

„Ситуацијата во правец на Купјанск е тешка. Непријателот не се откажува од плановите за напредување и внесува дополнителни сили“, рече Маљар, пренесе „Ројтерс“.

Украинската војска минатата недела објави дека Русија го напаѓа Купјанск, град во областа Харков.

Слични содржини