МО на Велика Британија: Руските трупи почнале да се повлекуваат од Херсон на 22 октомври

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

Министерството за одбрана на Велика Британија во најновиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина наведува дека руските трупи најверојатно почнале да се повлекуваат од Херсон на 22 октомври со цивилите и дека е многу веројатно руската армија во повлекувањето во таа област да уништила неколку мостови на реките Дњепар.

„Во петокот руското министерство за одбрана објави дека нивното повлекување од Херсон е целосно. Руските сили, за време на повлекувањето, најверојатно уништиле копнени и железнички мостови преку реката Дњепар. Завршувањето на повлекувањето дојде само два дена откако руското министерство најави повлекување, но поверојатно е дека повлекувањето започна на 22 октомври, кога проруската администрација во Херсон апелираше до цивилите да го напуштат градот. Постои реална можност руската армија, маскирана како цивили, да се евакуирала од Херсон во претходните недели“, соопшти британското министерство, пренесува „Гардијан“.

„Крајот на повлекувањето се случи само два дена откако руското министерство го објави повлекувањето, но поверојатно е дека повлекувањето започна на 22 октомври, кога проруската администрација во Херсон апелираше до цивилите да го напуштат градот“, соопшти министерството.

Слични содржини