МО: Не дозволуваме какви било партиски или друг вид на влијание во Армијата

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Министерството за одбрана реагираше на информацијата објавена во медиумите, според која на социјалните мрежи се споделува повик од партискиот огранок на СДСМ Арачиново „кандидатите за нови членови на армијата да се пријават кај раководителот, односно оние што се членови на партијата да се пријават кај партиското раководство“.

-Во врска со натписите во некои портали, а се однесуваат на објава на фејсбук профил на општинската организација Арачаиново на политичката партија СДСМ ве информираме дека процесот на пријавување и селекција за конкурсот за прием на професионални војници се спроведува согласно професионални норми и стандарди и МО и Армијата не дозволуваат било какви партиски или друг вид на влијание.

Во Армијата на Република Северна Македонија војниците кои ќе бидат примени ќе треба да ги исполнуваат сите професионални карактеристики пропишани на огласот. Најдобрите ќе бидат примени.

Ги охрабруваме сите граѓани заинтересирани да аплицираат без разлика на верска, национална, партиска или било каква друга припадност. Истовремено ги повикуваме политичките партии да се воздржат од било какви притисоци или влијанија врз сегашните и идните припадници на Армијата. Армијата и служи на државата, а не на партиите, велат од МО.

На 14 септември Министерството за одбрана објави Јавен оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Слични содржини