МО за ФБ статусите на Ристевски: Договорот не опфаќа ниту една од одредбите кои се однесуваат на неговите лични убедувања

од Берта Китинска
341 прегледи

Професор д-р Темелко Ристески, бил ангажирано во Министерството за одбрана, како експерт и со точно наведени конкретни задачи кои во никој случај не излегуваат од рамката на неговата професионалност како експерт по право, велат во изјава за „Локално“ од Министерството за одбрана.

Оттаму посочуваат дека согласно Договорот, Ристески бил ангажиран за советодавни задачи стриктно поврзани со стратешките документи во одбраната, учествувал во изработка на документи продуцирани од експертски работни групи и законски решенија во областа на одбраната.

-Во таа насока, при исплатата на дефинираниот хонорар, Министерството се водело исклучиво согласно извршените задачи кои се наведени во договорот и ништо повеќе од тоа. Договорот не опфаќа ниту една од одредбите наведени во извештајот на експертот кои се однесуваат на неговите лични убедувања, појаснуваат од МО.

Во медимуте беше објавен документот во кои стои дека Ристески пишувал Фајсбук објави за поддршка на коалцијата „Можеме“, Активно ја следел сосотојбата со изборниот процес и објавуањето на изборните резултати од страна на ДИК.

До објавувањето на тексто од Владата и политичката партија СДСМ не добивме одговор на нашите прашања поврзани за документот.

Слични содржини