Според нив, Министерството за одбрана е институција во која секој професионалец има право, можност, но и обврска да го каже својот став и истиот да биде слушнат.

-Ако постои интерес во јавноста, Министерството е отворено да дискутира за секое прашање, вклучително и ова, стои во соопштението.

Синоќа, началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски порача дека земјата би добила многу со враќање на служењето на војска.

-Би добиле оспособување на кадрите за било какви можни ангажирања во случај на пожар, поплави, земјотреси. Би ги подготвило за сите овие предмалку што ги споменав карактеристики, на почитување на хиерархии, субординација, едно старешинство, помлад постар, вештини кои сите вие повозрасните генерации сте ги стекнале додека служевте воен рок, рече началникот во дебатниот магазин „Клик плус“.