Моалем им кажа дека “дома ќе си заминат во сандаци”, а ОАЕ сепак ќе прати војници во Сирија

од desk3
90 прегледи

Обединетите арапски емирати се согласија да испратат во Сирија специјални сили, кои ќе им помогнат на локалните сунити да го преземат градот Рака, кој се смета за бастион на Исламска држава, изјави денеска американскиот министер за одбрана Ештон Картер во Брисел по средбата со својот колега од ОАЕ.

0

Картер не прецизираше колку командоси од ОАЕ ќе заминат за Сирија.

Тој истакна дека тие ќе им помогнат на саудиските специјални сили да ги обучат локалните арапски сунити, кои имаат цел да го преземат Рака.

Картер додаде дека доколку спогодбата која беше постигната во Минхен за еднонеделно примирје во Сирија стапи во сила, тоа нема да значи прекин на операциите против ИД.

Според Картер, претставниците на ОАЕ ветиле дека ќе го обноват учеството на Емиратите во кампањата за воздушни напади врз ИД, откако вчера Саудиска Арабија му ги дала истите ветувања.

Си Ен Ен: Турскиот кошмар во Сирија станува реалност

Пред неколки дена и по најавите за странска интевенција, шефот на сириската дипломатија Валид ал-Моалем предупреди дека странските трупи кои ќе влезат на територијата на Сирија „дома ќе се вратат во дрвени сандаци“, реагирајќи на извештаите дека Саудиска Арабија и Турција, двете земји кои ги поддржуваат бунтовничките сили, би можеле да испратат свои војници во Сирија.
-Секоја копнена интервенција на територијата на Сирија без одобрение од владата ќе се смета за агресија на која мораме да се спротивставиме, рече Моалем на прес конференција во Дамаск, а беше пренесена од француските медиуми

M_Id_391443_Syrian_army_captured_the_strategic_town_of_Qusayr_from_the_rebels
„Ве уверувам дека агресорите ќе се вратат во својата земја во дрвени сандаци“, истакна шефот на дипломатијата.

Портпаролот на саудиската војска на почетокот на неделата изјави дека неговата земја е расположена да испрати копнени сили во Сирија, како дел од воената акција на САД против екстремистите од таканаречената Исламска држава, кои контролираат големи делови од Сирија и Ирак.

Сирискиот министер за надворешни работи истакна дека мудроста и логиката укажуваат дека идејата за саудиски трупи во Сирија е тешко замислива, но „имајќи ги во предвид лудите саудиски лидери, ништо не е неможно“.