Моби направи необична тетоважа за животните

Некогашниот познат музичар Ричард Мелвил Хал, познат како Моби, веќе 32 години е веган и борец за правата на животните.

Со цел тоа да го прослави, наодамна на вратот си го истетовира натписот „Vegan for life“ па со тој потег ги воодушеви фановите, особено веганите. Но сега отиде чекор понатаму.

На својот инстаграм профил тој се пофали со нова тетоважа со која ги шокира сите. Имено, 54-годишниот музичар преку двете раце напишал „Animal rights“ или во превор „Животински права“.

„Во овој месец ја обележувам мојата 32-годишнина веганство, размислував и одлучив дека ќе направам тетоважа (добро, технички 12 тетоважи) како би прославил“, објаснил и додал дека станал активист за правата на животните од повеќе причини, но најмногу затоа што верува дека „секое животно има право да го живее сопствениот живот по сопствена желба“.

Сепак, со овој потез, овојпат, не заработи комплименти.

„Криза на средни години“, му порача еден следач.
„Обожавател сум, но тетоважата е многу екстремна. Своеите уверувања си можел да ги промовирал и со срце и душа“, заклучил друг.
„Земете ми го мобилниот“, се сложил трет следач.

Поради вакви коментари, неговите истомисленици почувствуваа потреба да застанат во одбрана па настанало расправија, а фотографијата која ја објавил за кратко собра неколку илјади коментари.

Слични содржини