Моби сакал да се самоубие

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Во новото интервју, Моби откри дека сакал да си го одземе животот пред доделувањето на MTV наградите во 2002 година, како и за борбата против депресијата и зависноста.

Станува збор за интервју што Моби го даде за потребите на документарниот филм „Моби Док“ во кое тој зборуваше за депресијата што ја претрпе на врвот на својата кариера. Документарниот филм ќе биде објавен паралелно со објавувањето на неговиот нов албум „Reprise“.

Потсетувајќи се на неговиот престој во Barcelona’s Arts хотелот ноќта пред доделувањето на MTV наградите, Моби рече:

„Ден порано стигнав во мојот хотел и бев на врвот на еден од најелегантните хотели во кои некогаш сум бил. На врвот на овој хотел се наоѓаат четири огромни апартмани. Моите соседи во другите станови беа Бон Џови, Пи Диди и Мадона. Таа ноќ завршив многу пијан. Сè беше совршено. Сè што некогаш сакав ми беше дадено, уште повеќе. Продадов 10 или 20 милиони плочи и бев толку обесхрабрен. Колку беше чудно што добив сè, а никогаш не сумбил подепресивен“, се присетува тој.

Слични содржини