Кој не би сакал да добие бесплатна пица и топла чаша кафе, зашто возел внимателно? И тоа со испорака директно дома или во канцеларија?
Е, нова мобилна апликација во Англија го прави токму тоа – поттикнува совесно возење во Англија со подароци.
Целта на каузата е преку неодоливи награди да се намалат смртните случаи и да се стимулира безбедното возење кај младата популација. Бесплатната апликација “Шотган”, создадена од осигурителната компанија “Директ лајн”, користи GPS технологија со која ќе ја следи снимената рута и дали се почитува прекинот и брзината при секое патување.
Како резултат на тоа секој возач добива пофалби и можност да собере поени, со кои ќе добие бесплатна испорака на производ по свој избор од “Пица Експрес”, “Старбакс” или пак одмор за семејството од туристичката агенција “Вирџин Експириенс Деј”.
“Директ лајн” решиле да создадат таква иновација, откако во 2015 година 402 тинејџери загинале или биле тешко повредени во сообраќајни несреќи во Англија. Статистичко истражување на компанијата, пак, утврдило дека секој четврти тинејџер се судрил за време на првата година како возач.
Затоа и апликацијата е насочена претежно кон возачите, кои сè уште не ги извозеле првите 1609 км. (1000 милји).
“Има над половина милион млади луѓе на патот и секоја недела повеќе од 7 од нив го губат својот живот на патот или добиваат посебни потреби до живот како последица на несреќи. Тоа се податоци кои треба да се менуваат”, изјави за “Бизнис инсајдер” бренд менаџерот на осигурителната агенција Кери Чилверс.