На наплатната рампа „Романовце“ на автопатот Скопје-Куманово, вчера околу 20 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, го уапсиле Д.Ц. (30) од Крива Паланка.
При преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина брендирана стока, без соодветна документација.
По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл 285 ст.1 од КЗ.