Модна недела во Њујорк: Суканици и скандал од Марк Џејкобс

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Моднта недела во Њујорк е како задача за дизајнерите да создадат своевидна ода за американската силуета.684c53e8648ac24e92bd6244d574bf1d

Некои од нив се запираат на соларни и светли бои, други се обложуваат на цветни мотиви и везови.

Еден од нив сепак ги промени тотално правилата и благо речено ги измести границите на очекуваното. Од Marc Jacobs создадоа вистинска парада – моделите се прошетаа низ подиумот со толку високи платформи што веројатно се првите од ваков вид, кои ги гледаме во ревија.

Горниот дел од силуетата беше зафатен од сјај, сатен и змиски принтови, дополнети со маскирно и тексас.

Марк Џејкобс ја спои својата подостапна линија Marc by Marc Jacobs, заедно со главната и од тој момент наваму гласините се насочени главно кон комбинирањето на производи за висока мода со комерцијални.

Сликарката Џули Верховен, со која работеше и во соработкатаза колекцијата на Louis Vuitton во 2002 година, ја помогна колекцијата со илустрации, кои беа везени како на облека, така и врз чанти и чевли.

Критиките предизвика вистински бран, но и со скандал. Голем дел од гледачите на шоуто ги коментираа обоените фризури, со кои беа решени моделите.

Нивното тврдење е повеќе обвинение кон дизајнерот за културна кражба од афроамериканската култура, без да се даде дури ни признанието за тоа како инспирација.

Самиот Марк Џејкобс коментира дека тоа е повеќе знак за расизам од страна на луѓето кои го обвинуваат.

Скандалот дојде до такви размери што покрена теми како рамноправност меѓу “бели и црни жени” што стигна и до супермоделите Кендал Џенер, Џиџи Адид, Бела Адид, Адриана Лима и други.

Голем дел од супермоделите дури ги избришааа своите слики во Instagram, направени со обоените суканици од шоуто.

Најдоброто од колекцијата на Marc Jacobs за пролет-лето 2017 можете да го видите во нашата галерија.