Манчестер Сити ја следи ситуацијата во врска со договорот на Лука Модриќ со Реал, пренесе каталонски „Ел Национал“.
Според тој извор, 36-годишниот капитен на хрватската репрезентација е голема желба на Пеп Гвардиола, менаџерот на „граѓаните“. Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната и тие се уште не ги започнале преговорите за нов договор, па во јануари може да потпише преддоговор со друг клуб како слободен играч.
Сити, тврдат Каталонците, има план да го доведе Модриќ. Тие ќе му понудат сезона да игра во Манчестер Сити, а потоа и опција да оди во партнерскиот МЛС клуб Њујорк Сити.
Претходно, Модриќ имаше неколку понуди од МЛС, но тој одлучи да остане во Реал.
Модриќ вчера го прослави својот 36 -ти роденден, а мадридска „Марка“, весник близок до „кралевите“, тврди дека тимот од Мадрид би можел да му понуди нов договор на хрватскиот играч од средниот ред, бидејќи е воодушевен од формата и состојбата на Модриќ.
Така, хрватскиот репрезентативец ќе го исполни својот сон и ќе ја заврши кариерата во клубот каде што настапува веќе девет години.