Модриќ: Да го носам дресот на Хрватска беше најголема радост и гордост во мојот живот, ви благодарам

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Легендата на Хрватска, Лука Модриќ, напиша кратка објава на социјалните мрежи која најверојатно навестува крај на кариерата во репрезентативниот дрес.

„Коцкастите“ беа елиминирани од Евро 2024 на крајно драматичен начин во групната фаза, откако примија израмнувачки гол од Италија во последните секунди од натпреварот.

„Носејќи го овој дрес, ја почувствував најголемата радост и гордост во мојот живот. На ова европско вкусивме еден помалку убав дел од фудбалот, но гордоста да се игра за Хрватска не зависи од резултатите. Ви благодарам на сите за големата поддршка“, напиша Модриќ (39).

Лука Модриќ беше играч на натпреварот во кобното реми 1-1 со Италија.

Слични содржини