Модриќ го „подучува“ Мбапе: Ако сакаш да бидеш како Кристијано Роналдо, тогаш…

од Vladimir Zorba
1,6K прегледи

По болниот пораз од Арсенал од 3:0 во Лондон, навивачите на Реал Мадрид со право се прашуваат – дали ова беше последниот натпревар на Лука Модриќ во Лигата на шампионите? Истовремено се прашуваат и дали Килијан Мбапе ќе мора да почека барем уште една сезона за да ја освои толку посакуваната титула на европски шампион?

„Кралскиот“ клуб одигра под очекувањата во првиот осминафинален натпревар и загуби со огромни 3:0, па за да се пласира меѓу најдобрите четири екипи во Европа мора да направи вистинско чудо на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид претходно успеваше да организира вакви пресврт, а како најискусниот играч на тимот, Лука Модриќ ја презеде улогата на мотиватор. Тој посебно му се обрати на Килијан Мбапе, играчот од кој се очекува најмногу во вакви моменти.

Како што пренесува порталот „Дефенса централ“, хрватскиот капитен му испратил јасна порака на Французинот, барајќи од него да се засили како лидер и да го води тимот кон кам-бек.

„Ако сакаш да бидеш како Кристијано Роналдо во Мадрид, мора да го предводиш пресвртот. Гледај го натпреварот против Волфсбург и ќе видиш како е направено…“, наводно му рекол Модриќ, потсетувајќи се на легендарниот меч од 2016 година кога Реал по поразот со 0:2 на гостински терен се пласираше понатаму, по трите гола на Роналдо на „Бернабеу“ и на крајот ја освои титулата.

Мбапе, кој во јуни наполни 26 години, добро знае што значи да се игра под притисок, но мечот против Арсенал носи дополнителна тежина за него – ако сака да покаже дека е навистина најдобар во светот и кандидат за Златната топка, тоа треба да го докаже токму сега.

Од друга страна, Лука Модриќ освои се што е можно во Лигата на шампионите – дури шест европски шампионски титули. Но неговиот договор истекува на крајот од сезоната и се поизвесно е дека оваа сезона би можела да биде последна на најголемата европска сцена. Затоа враќањето против Арсенал, покрај борбата за полуфинале, може да биде и лична мисија – збогување на начин кој доликува на еден од најголемите.

Слични содржини