35
Реал Мадрид го објави новиот договор на Лука Модриќ кој двете страни го договорија пред Европското првенство. Договорот на играчот од средниот ред е продолжен до јуни 2025 година. Соопштението доаѓа еден ден по претставувањето на Килијан Мбапе.
Покрај тоа, Модриќ во новата сезона ќе биде и нов титулар капитен на тимот, наследувајќи го заминатиот Начо Фернандез.
Во септември хрватскиот интернационалец ќе наполни 39 години. Минатата кампања играше помалку од вообичаено и често беше лут на тренерот Карло Анчелоти, но без оглед на тоа избра да остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште една година.
Модриќ е дел од Реал од 2012 година, кога беше купен од Тотенхем.