„МОЕТО СРЦЕ Е СО ХАЛИНА, НЕЈЗИНИОТ СИН И МАЖ“: Сопругата на Алек Болдвин проговори за несреќното убиство!

од Vladimir Zorba

Сопругата на Алек Болдвин, Хиларија, реши да зборува по инцидентот на сетот во кој беше убиена директорката на фотографија – Халина Хачинс.

Хачинс работеше како директорка на фотографија на сетот на претстојниот вестерн филм „Rust“, ​​кога случајно беше убиена на сетот минатиот четврток, откако актерот пукал од реквизит. Подоцна се испоставило дека пиштолот имал вистински куршум во него.

За жал, и покрај тоа што 42-годишната е префрлена во болница откако се повредила за време на снимањето, медицинскиот персонал можел само да констатира смрт.

Објавувајќи изјава на Инстаграм во понеделникот, Хиларија напиша: „Моето срце е со Халина. Нејзиниот сопруг. Нејзиниот син. Нивното семејство и најблиските. И со мојот Алек. Без зборови бидејќи е невозможно да се изрази шок и болка во срцето поради на таква трагична несреќа“.

За Болдвин (63) се вели дека добил „ладен пиштол“ – пиштол што не содржел боева муниција – пред да ја репетира својата сцена, во која го вперил оружјето кон камерата.

Слични содржини