Могерини кон САД: Не се мешајте во политиката на ЕУ

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Могерини побара администрацијата во Вашингтон “да не се меша”

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини побара администрацијата во Вашингтон “да не се меша” во политиката на заедницата, особено по изјавата на претседателот на САД во поддршка на Брекзит.

“Ние не се мешаме во политиката на САД … И Европејците бараат потврда дека Америка нема да се меша во европската политика”, предупреди Могерини, која е во  првата посета во Вашингтон, по инаугурацијата на администрацијата на новиот претседател Доналд Трамп, која се смета за изолационистичка, и помалку блиску до трансатлантските врски. / АФП