Одбрана и борбата на тероризмот ќе бидат главни приоритети во надворешната политика на Унијата во следната една година, објави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна
политика Федерика Могерини.

Могерини изјавата ја даде пред почетокот на закажаната средба на министрите за надворешни работи
од ЕУ пред почетокот на новата политичка сезона во Брисел.
Броејќи ги приоритетите во надворешната политика на заедницата, Могерини ја стави на прво место одбранбената политика, на второ – борбата се тероризмот и екстремизмот, а на трето – миграцијата.
“Успеавме да создадеме единствен центар за управување на странските невоени мисии на ЕУ во
Брисел. Ова е најголемиот успех во 60-годишнаото постоење на ЕУ “, посочи Могерини.
Во најскоро време ќе создадеме мрежа од експерти, кои ќе бидат одговорни за борбата против
тероризмот во сите мисии на ЕУ зад граница “, рече Могерини. / ТАСС