385
Поранешниот дипломат на ЕУ, Федерика Могерини во специјално интервју за бугарската БТВ побара Софија веднаш да го укине ветото за Скопје.
„И Северна Македонија и Албанија го направија она што се бараше од нив за да започнат преговори. Некои земји што сакаат да се приклучат би рекле: „Чекај малку, ги натеравте Северна Македонија и Албанија да преземат одредени чекори за почеток на преговорите, тие ги спроведоа и преговорите не започнаа. Зошто да го правиме истото? Во наш интерес е веднаш да започнеме преговори со Албанија и Северна Македонија“, рече Могерини.