Мојановски: Нашиот поглавар ќе може да сослужува со сите поглавари на црквите низ светот

од Nikola Popovski
263 прегледи

Литургиското сослужување е црковниот облик во кој што се изразува единството на оние кои учествуваат во литургијата. Тоа беше соопштено во одлуката на вселенскиот патријарх од 9-ти мај. Ние после 1967 година имаме повторно канонски архиепископ. Треба да очекуваме дека нашиот поглавар ќе сослужува и со други поглавари на православните цркви низ светот, согласно тоа што беше соопштено од Вселенската патријаршија, вели поранешниот претседател на Комисијата за верски заедници, Цане Мојановски.

Според него, сослужувањето на МПЦ со српскиот партијарх и СПЦ на заедничка литургија значи операционализација на делот од одлуката во која што СПЦ се изјаснува дека ја прима МПЦ, која беше прогласен за расколничка.

-Со сите цркви ќе може да служи поглаварот и тоа е за поздрав, додаде Мојановски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Слични содржини