Мојата борба против криминалот на Ганиу продолжува, вели Арсовска

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Денес функцијата му ја предадов на новоизбраниот Градоначалник на Град Скопје, на кој му посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот како градоначалник на сите граѓани, напиша во објава на „Фејсбук“ поранешната градоначалничка, Данела Арсовска.

„Ви благодарам на сите за континуираната поддршка, особено во мојата борба против организираниот криминал и корупцијата во градот, мисија во која ќе продолжам за да победи правдата, да понесе одговорност Висар Ганиу кој со својата организирана криминална банда до денес загрозува животи на илјадници наши сограѓани“, напиша Арсовска.

Слични содржини