Мојс размислува за враќање во фудбалот

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Дејвид Мојс, поранешниот менаџер на англиските клубови Вест Хем, Евертон и Манчестер Јунајтед размислува за враќање во фудбалот, пишува Sky Sports. 61-годишниот тренер ги напушти „чеканите“ на крајот од минатата сезона и беше заменет од Хулен Лопетеги пред да направи кратка пауза.

„Нема ништо конкретно во моментов, но почнувам да размислувам за враќање“, рече тој на подкастот Stick to Football, цитиран од Sky Sports.

„Последниве три месеци беа одлични за мене бидејќи сакав кратка пауза. Минатата година го водев мојот тим на 60 натпревари и тоа можеби не звучи како голема бројка, но замислете да се вратам во четврток од Белгија или Франција и да морам подготвам тим за натпревар за време на викендот. Работата едноставно не запира“, изјави Мојс.

„Треба да поминете низ анализите на претходниот натпревар, подготовките за Премиер лигата и слично. Работата е исклучително тешка и немав пауза во последните три години, но секако уживав“, додаде тој.

Слични содржини