Мојс се врати во Евертон

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Дејвид Мојс се врати на чело на Евертон. Стручњакот повторно ќе биде на кормилото на „карамелите“ на местото на Шон Дајч, кој вчера доби отказ. Договорот на 61-годишниот Шкотланѓанец е до летото 2027 година.

Мојс веќе беше на чело на „карамелите“ од 2002 до 2013 година. Под негово водство, тимот стигна до финалето на ФА Купот во сезоната 2008/09.

Шкотланѓанецот раководеше и со други тимови во Премиер лигата, вклучувајќи ги Манчестер Јунајтед, Сандерленд и Вест Хем, а „чеканите“ беа последниот тим со кој раководеше специјалистот.

Првиот натпревар во второто деби на Мојс на кормилото на Евертон е против Астон Вила во среда.

Евертон уште еднаш, како и во последните неколку сезони, не успева да покаже постабилно лице и моментално е на 17. место во поредокот и само еден бод зад првиот тим во опасната зона, а тоа е Ипсвич.

Своето второ деби на кормилото на „карамелите“ Шкотот ќе го има во среда, на гостувањето кај Астон Вила.

Слични содржини