Началникот на ГШ на српската војска, генерал-потполковник Милан Мојсиловиќ смета дека воведувањето на обврзен воен рок е резулатат на „потребата да се обезбеди модел за функционирање на војската на долгорочен план и потреба во услови на воена неутралност“.
– Враќањето на редовниот воен рок не е нешто што не може да се спроведе преку ноќ. До конечната одлука по тоа прашање продолжуваме со моделот на доброволно служење на воен рок, истакна Мојсиловиќ. 
Тој нагласи дека повеќето од доброволците сакаат да се вработат во армијата.
– Како систем, војската мора да го следи економскиот напредок на Србија, мора да бидеме примамлив работодавец за младите и образовани луѓе, додаде началникот на ГШ на српската армија.
Мојсиловиќ изјави дека Србија има доволно активни војници и доброволци, но резервниот состав со тек на времето се намалува.