Мојсоска до Коњановски: Дали е точно дека социјалните станови во Битола се даваат по партиски клуч на лица кои воопшто не се социјални случаи?

од Nikola Popovski
181 прегледи

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска упати прашање до градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Во својата објава на социјалните мрежи, таа праша „дали е точно дека социјалните станови во Битола се даваат по партиски клуч на лица кои воопшто не се социјални случаи, додека жртви на семејно насилство не можат да го решат станбеното прашање“.

„И градоначалниче, дали сте воопшто свесни од колкаво значење е станбеното прашање за жртвите на семејно насилство?“, истакна пратеничката.

Претходно од Левица обвинија дека додека општините под раководство ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, нетранспарентно ги трошат милионите од унгарскиот кредит, во една од поголемите општини во Македонија нема шелтери за згрижување на жртви на семејно насилство.

-Жени кои се жртви на семејно насилство алармираат дека неколку месеци се игнорирани од градоначалникот на општина Битола, стои во реакцијата на политичката партија.

 

Слични содржини