Бидејќи премиерот Мицкоски дури и на митинзи за промоција на кандидати за градоначалници не пропушта да ја оцрнува Левица за некаква коалиција со ДУИ (со оние кои неговата партија ги амнестира и етаблира), еве некои прашања. Како градоначалникот од ДУИ, прочуениот Рамиз Мерко отвори приватна градинка во мандатот на владата на Мицкоски, праша кандидатката за градоначалник на Струга и пратеничка, Јована Мојсоска.
Tаа исто така праша дали „министерот Фатмир Лимани има издадено дозвола за работа на оваа градинка, или таа работи незаконски – додека оние кои се должни да вршат надзор (Министерство за социјална политика и МОН) молчат“.
Според неа, „градоначалникот во заминување – кој не отвори ниту една градинка во Струга, кој ја затвори една од трите градинки во Струга, кој го продлабочи проблемот со листи за чекање за упис во градинки – токму во мандатот на ДПМНЕ отвора приватна градинка на неговиот контроверзен универзитет, каде се тепаа дури и просветни инспектори“.
-Таканаречен универзитет, за кој и министерката Јаневска изјавуваше дека се констатирани неправилности, но наместо санкционирање – на овој се универзитет отвори приватна градинка, додека Стружани не можат ни да си дозволат упис и во обична градинка (камоли во приватна). Оттука, се поставува прашањето дали Мицкоски е во коалиција со најкримогените елементи на ДУИ во Струга, повторно праша Мојсоска.