Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска на последната седница за пратенички прашања во Собранието, имаше свое обраќање по однос на, како што вели, скандалозниот избор во Советот за превенција на криминалот на лице обвинето за поткуп што важи за соработник на екс-премиерот Зоран Заев.
„Лицето кое треба да биде избрано за член на овој национален совет во 2016 година се појавува како обвинет за давање поткуп за монтирање на лажни изјави. Односно, Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција во 2016 година има покренато обвинение токму против Насер Селмановиќ, откако МВР поднело кривична пријава против ова лице“, истакна Мојсоска.
Пратеничката додаде дека според обвинението кое се товари е дека „Селмановиќ како началник на единицата за техничка поддршка во петата управа на ДБК, нудел поткуп од 100.000 евра на вработен во МВР кој треба да се појави како сведок“
-Во овој случај адвокат на Селмановиќ е Филип Медарски, познатиот адвокат на Зоран Заев кој го ослободи од случајот „поткуп“ на поранешниот премиер. Оние кои биле инсталирани од Заев, оние кои биле обвинети за поткуп ги гласате вие да бидат дел од Совет за превенција на криминалот!“, истакна, меѓу другото, Мојсоска.
Во рамки на 70-та седница, Собранието избра кадровски решенија во неколку институции. Селмановиќ беше избран за член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата.