Мојсоски: 3 милиони евра се наменети за спортските субјекти, на кои им е издаден ваучер

од Nikola Popovski
413 прегледи

„184,5 милиони денари или 3 милиони евра од државниот буџет ќе се насочат кон спортските субјекти, на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт“, изјави денес директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

Тој извести дека досега, 660 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти добиле таков ваучер.

„На оние спортски субјекти на кои им е издаден ваучер ќе бидат уплатени најмногу 33 отсто од вредноста на издадениот ваучер како еднократна финансиска помош, утврдена на официјалната листа на спортски субјекти на страната на АМС“, најави Мојсоски.

Во однос на постапката, Управата за јавни приходи ќе достави листа од АМС за спортски субјекти корисници на спортски ваучер кои имаат одобрено барање за даночно ослободување и донирање на финансиски средства на спортските субјекти, а веднаш потоа следува евалуација на листата на спортски субјекти и износ на користење на остатокот од ваучерот издаден за 2021 година.

„Откако овие два чекори и едноставна постапка ќе се спроведат, конечната листа ќе биде доставена до генералниот секретар на Владата и ќе следува исплата“, рече Мојсоски.

Слични содржини