Мојсоски за „Локално“: Од 65 федерации, само ФФМ не го почитува Законот за спорт

554 прегледи

Во рамки на денешната прес конференција, посветена на доделувањето на ваучери за спортските федерации и клубови, директорот на Агенцијата за Млади и спорт, Наумче Мојсовски посочи дека на овој начин од голема помош се средствата донирани од компаниите за развој и раст на спортските организации во земјава.

„Креирање на услови и еднакви спортски можности е наша главна заложба. Владата и АМС вложуваат и градат односи со сите засегнати страни. Надлежните инситуции пак, успеаа да го спроведат овој ваучер систем. Бројките се и повеќе од задоволителни. Иако е време на пандемија, пристигнавме до неверојатни 89% за реализација на спортските ваучери. Секоја федерација формира комисија, која ги разгледува состојбите на клубовите. АМС откако ќе се состават листите ги доделува ваучерите, а доколку нема комплетна документација, се бара одлука за одбивање поради неосновани податоци“, накратко објасни Мојсовски.

На новинарско прашање за „Локално“, Мојсовски одговори дека во овој дел ваучер во вредност од околу 9 милиони денари е насочен за иницијативата „Спас за ФК Вардар“ и изрази надеж дека надлежните институции ќе направат се во нивна моќ да се врати ФК Вардар онаму кадешто припаѓа.

Во рамки пак на ставот на АМС за нелегитимноста на претстојното собрание на ФФМ, Мојсовски за „Локално“ вели дека не е во прашање „несакање“ на некој претседател, туку потенцираше дека од 65 федерации, само една односно ФФМ во целост не го почитува Законот за спорт, што важи за сите засегнати страни во ова законско решение.

Слични содржини