Мојсова Мијовска: За жал шоуто подобро се продава и бизнис интересите се секогаш на прво место

-Идниот градоначалник ќе го следам будно зошто веќе ги познавам проблеми кои го тиштат Карпош и секако ќе го потсетувам на ветувањата кој ги дал, потенцира Мојсова Мијовска

од Nikola Popovski
33 прегледи

Кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја Мојсова-Мијовска со своја анализа за вчерашниот изборен ден и фактот што не успеа да влезе во вториот круг на локалните избори. Порачува дека „поминала една долга и реално неправедна борба со идеја за подобра иднина на мојата општина“.

-Им благодарам на сите што гласаа за мене зошто веројатно ме препознаа како исполнителна и посветена кандидатка со визија и чесни намери према граѓаните и работењето на општината. Но за мене беше ова едно одлично искуство и запознав прекрасни луѓе кои веројатно зачаурена во медицинскиот свет можеби никогаш немаше да ги запознам. За жал можам да кажам дека шоуто подобро се продава и бизнис интересите се секогаш на прво место, посочува Мојсова Мијовска, додавајќи дека им посакува среќа во вториот круг на кандидатите и се надева дека ќе ги исполнат очекувањата на граѓаните зошто Карпош заслужува најдобро.

-Идниот градоначалник ќе го следам будно зошто веќе ги познавам проблемите кои го тиштат Карпош и секако ќе го потсетувам на ветувањата кој ги дал, потенцира кандидатката.

Во Карпош според податоците на ДИК од обработени 100 отсто од гласачките места во првиот круг, на 2 ноември ќе продолжат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски и актуелниот градоначалник од коалицијата Искуство за успех, Стевчо Јакимовски. Лукровски во првиот круг води со освоени 34,51 отсто или 10 284 гласа наспроти Јакимовски кој има 29,40 проценти или 8 761 глас.