Мојсовски: Да ја покажеме на дело нашата силна заложба за младите

од Nikola Popovski
253 прегледи

По повод на меѓународниот ден на младите, Агенцијата за млади и спорт организираше Младинска конференција на тема: „Младите во Отворен Балкан – Шанси и перспективи за сигурен напредок во регионот“. Свои обраќања на овој настан имаа директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, министерот за Млади и спорт на Република Србија, г-дин Вања Удовичич, министерот за млади и спорт на Црна Гора, г-дин. Василије Лалошевич, министерката за труд и социјална политика на РСМ, г-ѓа Јованка Тренчевска, заменик министерот за образование и наука на РСМ, г-дин. Лулзим Алиу, Националниот координатор – Отворен Балкан – г-ѓа. Нола Исмајлоска.

Директорот Мојсовски, истакна дека АМС работи на креирање политики со кои младите ќе добијат поголеми можности за размена на искуства и услови за напредок, а сѐ со главна цел, професионално да се развиваат и реализираат дома. Меѓу другото, директорот Мојсовски кажа “’мој предлог ќе биде, во рамки на Иницијативата Отворен Балкан да организираме заедничка тематска владина седница за млади и заеднички да ги детерминираме проектите и мерките кои ќе значат подобро денес и подобро утре за сите со цел да ја покажеме и на дело нашата силна заложба за младите”.

Министерот за Млади и спорт на Република Србија, г-дин Вања Удовичич на младинската коференција истакна огромно задоволство за одржување на оваа младинска конференција.  “Многу сум задоволен што сме со нашите пријатели овде во Северна Македонија да разговараме заедно со младите од регионот, да се слушаме еден од друг, да учиме еден од друг. Младите се важна мисија за Отворен Балкан, бидејќи утрото почнува денеска”.

Додека министерот за млади и спорт на Црна Гора, г-дин. Василије Лалошевич истакна дека “стратегијата за млади има особено значење за Црна Гора, заедно со законот за млади, додека на друга страна младите значат толеранција и напредок за нашите земји”.  При крај на говорот, министерот Лалошевич кажа дека тој лично ги поддржува иницијативите кои ги обединуваат младите, и истовремено на државите на регионот им посакува успех во напредокот на младински политики”.

На младинската коференција свој говор имаше и министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Јованка Тренчевска, каде меѓу другото кажа “Како Влада и Министерството за труд и социјална политика , насочени сме кон развивање системски пристап во решавањето на проблемите со кои се соочуват младите, преку имплементација на политики за вработување и носење на посебни закони. Министерството за труд и социална политика ќе продолжи посветено да работи на зголемување на вработеноста и вработливоста на младите со креирање на механизми за подобрување на нивните знаења и вештини, заради поголема конкурентност на пазарот на трудот”.

Заменик министер за Образование и Науки г-дин.  Лулзим Алиу истакна дека е “Добро, но и логично што младите се вклучуваат поактивно во спроведувањето на оваа идеја за забрзан развој на регионот, односно младите се клучен фактор на патот кон нејзино остварување. Затоа што, младите можат сé да остварат и да постигнат”.

На конференцијата учествуваа и претставници на младинските организации од Република Северна Македонија, Република Србиа и Република Албанија, истотака и претставници од меѓународни организации.

Слични содржини