Меѓународниот олимписки комитет (МОК) утврди дека 15 руски спортисти и тренери чии забрани за учество се откажани од Спортскиот арбитражен суд (КАС) нема да бидат поканети да учествуваат на Олимписките игри во Пјонгчанг.
Минатата недела КАС објави дека нема доволно докази за прекршување на правилата за вкупно 28 руски спортисти.
За други 11 спортисти од Русија, Спортскиот арбитражен суд тврди дека ги прекршиле правилата за употреба на забранети стимуланси, но казните им беа намалени и тие требаше да земат учество на зимската Олимпијада во Пјонгчанг овој месец. МОК ги отстрани Русите од Олимписките игри во Јужна Кореја, но дозволи на спортистите од Русија, кои не земале допинг, да учествуваат под олимписко знаме во Пјонгчанг.
По одлуката на КАС, од рускиот олимписки комитет посакаа 13 спортисти и уште двајца тренери да добијат право на учество во игрите, но МОК ќе ги извади од учество.
Олимписката централа објави дека членовите на комисијата која го разгледала барањето, едногласно „препорачала на МОК да не испраќа покана“ на овие 15 спортисти и тренери. Вчера, претседателот на МОК, Томас Бах ја опиша одлуката на КАС како изненадувачка и разочарувачка и препорача на судот во Лозана да направи внатрешни структурни промени за да се подобри неговата работа.