МОК не го признава Лукашенко: Белорусија нема да може да се натпреварува во Токио

од Nikola Popovski

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека нема да го признае Виктор Лукашенко, синот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, за нов претседател на Олимпискиот комитет на земјата, што значи дека Белорусија нема да може да се натпреварува на Олимписките игри во Токио ова лето.

Во соопштението се прецизира дека фактот дека МОК не го признава Лукашенко за претседател значи дека исклучувањето на Белорусија од сите активности на таа организација, вклучително и од Олимписките игри, останува на сила, пренесува Тас.

Виктор Лукашенко беше избран за претседател на Олимпискиот комитет на крајот на февруари, иако МОК ги суспендираше и него и неговиот татко и им забрани учество на Олимпијадата во Токио.

Александар Лукашенко беше на чело на Националниот олимписки комитет 23 години, а неговиот син Виктор досега беше потпретседател, пренесува Танјуг.

Во декември минатата година, МОК ги суспендираше и таткото и синот, со образложение дека не ги заштитиле атлетичарите кои учествувале на протестите во таа земја од дискриминација.

Протестите во Белорусија избија по претседателските избори во август, на кои Лукашенко го освои шестиот мандат.

Опозицијата и западните земји тврдат дека изборите биле нерегуларни, додека официјален Минск го негира тоа.

loading...

Слични содржини