МОЛК од ДИК! Засега без официјален став за напредокот со Избирачкиот список

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Никој од членовите на ДИК  не сака јавно да зборува до каде е стигнато со прочистување на избирачкиот список. Службата за односи со јавност само информираше дека медиумите навреме ќе бидат известени кога ќе има нешто ново. Како што се дознава, членовите на ДИК, имаат спротивставени ставови за тоа до каде е прочистувањето на списокот. Молчењето сепак не ја менува суштината. РАзрешницата со избирачкиот список е најбликсу до намера и воља и многу  далеку од кредибилност .

дик врата

Според Реџеп Прекопуца, работите биле при крај, а роковите ќе се запазеле, додека членовите на ДИК делегирани од опозицијата пак,  посочуваат дека нема поместување во прочистувањето на списокот – повеќе од 40.000 спорни гласачи не се пронајдени дома, повеќе од 10.000 анкетни листови не се целосно пополнети, од МВР не се доставени потребните информации, нема финален извештај од теренската проверка…

До вчера комисијата се уште немаше усогласено методологија дали ќе ги чека граѓаните кои не отвориле врата на анкетарите самите да се јават во подрачните одделенија на ДИК, дали нивните имиња ќе ги објави на Интернет или ќе побара институциите да утврдат каде се и зошто не соработувале.Се уште се чека и  на МВР целосно да ги заврши дополнителните проверки за вкупно 72 илјади гласачи за кои има сомневање за основата на издавање лични карти или пасоши. За сега е сигурно дека ќе се бришат 1129 гласачи за кои се утврдило дека се починати, а ги имало на избирачкиот список.

За разлика од нив вмровскиот спикер на парламентот Трајко Вељановски вели дека тој занел дека има време.Велјаноски вели и дека добил уверување од своите членови во ДИК дека тие ќе ја завршат својата работа околу Избирачкиот список на време. Според него само 500 гласачи биле спорни, а во однос на 40 те илјади граѓани за кои уште не е расчистен сомнежот, бидејќи не биле најдени дома при теренската проверка.

Иако Собранието е распуштено, Велјаноски уверува дека изборите ќе ги распише на 15 април. За универзитетскиот професор Светомир Шкариќ оваа одлука е неуставна, и земјата како што тврди, навлегува во правен вакуум.

Поради целиот амбиент, временскиот теснец, од сепак дел членови на  ДИК и експертската јавност сметаат дека нема време да се испочитуваат роковите ако се постапува во согласност со законите.