Момче кое ја бакнало Меган му се извини на принцот Хари

од Elena Daskalova
312 прегледи

Тинејџерот Акер Окоје, кој има 16 години, бил многу возбуден кога Меган Маркл го посетила неговото училиште минатиот петок.

Тој се прегрнал со неа и ја бакнал, но одлучил дека за тоа треба да му се извини на нејзиниот сопруг, принцот Хари.

„Се надевам дека не ми замеривте што ја прегрнав вашата сопруга. Беше задоволство да се слуша нејзиниот говор и да се стои пред неа“, напишал тој.

Писмото беше објавено во таблоидот Сан, а момчето изразило желба и надеж дека еден ден ќе се запознае и со Хари и исто така му посака на парот среќа во иднина, откако тие се повлекоа од кралските должности.

Момчето имало шанса да ја запознае Меган која го посети училиштето Dagenham во чест на денот на жената. Меган, пак, му честитала на неговата самодоверба.

Слични содржини