Момче од битолско измамено од лажна девојка од Малта, го преварила за 4.400 американски долари

од Milan1
73 прегледи

„На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари.

Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални мрежи, се претставило дека е од Малта и дека може да му помогне да се стекне со наследство на починато лице од РСМ, кое немало законски наследници.

Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари оштетениот во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Слични содржини