Момче од Нов Зеланд почина откако било вакцинирано со Фајзер

од Nikola Popovski

Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека смртта на 26-годишно момче е поврзана со примањето на првата доза од вакцината „Фајзер“ против Ковид-19, бидејќи боледувал од ретка состојба на воспаление на срцевиот мускул.

Ова е втор смртен случај во Нов Зеланд кој е поврзан со познатиот, но редок несакан ефект на вакцината, откако властите во август објавија дека една жена починала по вакцинацијата.

„Со досега достапните информации, одборот верува дека миокардот следел, најверојатно по вакцинацијата“, се вели во соопштението на Независниот безбедносен надзорен одбор.

Младиот човек, кој починал две недели по првата доза, не побарал лекарски совет или третман за неговите симптоми. Миокардитис е воспаление на срцевиот мускул што може да ја ограничи способноста на телото да пумпа крв и може да направи промени во срцевиот ритам.

Во соопштението на одборот се вели дека уште две лица, меѓу кои и едно 13-годишно дете, починале од можен миокарден инфаркт по вакцинирањето.

Во соопштението се додава дека и покрај ретките несакани ефекти, придобивките од вакцинацијата многу ги надминуваат ризиците.

Слични содржини