Момче прободено на Велигден во Ѓорче Петров

од desk2
119 прегледи

 

Ноќеска во 1 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Е.С.(51) пријавил дека во саботата околу 22,30 часот додека неговиот син Е.С. (17) се движел по улицата “Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица.

Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана е телесна повреда.

Се работи на целосно расчистување на случајот.