27
Mладо момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Во 19:05 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кадата во купатило во куќа каде престојувал во село Марена, пронајден бил починат 24-годишниот Д.Н. од селото Бегниште. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство, појаснуваат од Велешката полиција.
Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.