102
Дваесетгодишен скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд со ладно оружје, информираа од МВР. Момчето го носело оружјето во својот ранец.
-На 19.02.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на М.К.(20) од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар, појаснуваат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.