Црна ноќ во Скопје, откако според полицискиот билтен, згаснаа животи на тројца млади, кои сами кренаа рака на себе.

Имено, во вторникот, околу 7,30 часот во село Таор, скопско во една од собите од куќата каде живеел, самоубиство со ловечка пушка извршил И.Б.(26). Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.
Ноќта кон среда, околу 3.30 часот во зграда во Скопје од прозорец се фрлила А.К.(24) од Скопје. Од страна на Итна медицинска помош било излезено на местото на настанот, по што А.К. во неконтактибилна состојба е пренесена и задржана на лекување во Комплект клиники “Мајка Тереза” – Карил. Истата е во животна опасност, со здобиени повеќе фрактури по телото.
Командир на смена во Казнено поправна установа Идризово е пријавено дека И.М.(39) од Кичево, кој издржувал доживотна казна затвор, во просторијата во која бил сместен се обесил. Истиот со екипа на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде во 13.55 часот била констатирана смрт.
На 23.01.2018 година околу 19,50 часот во Скопје на булевар „Партизански одреди“ во подземните гаражи бил пронајден починат Г.С.(48) од Скопје. Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.