230
На улицата „29-ти Ноември“ во Тетово вчера мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.К.(23) од Тетово, удрил во Џ.Ј.(47) од с.Пршовце, тетовско.
По несреќата Џ.Ј. била пренесена во Клинички центар Тетово, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, соопштуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.