Момчето на Фросина Кулакова со емотивна објава: „Не ни дозволија заедно да остареме…“

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Петар Ристов, момчето на Фросина Кулавкова, која беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“ од Васо Јованов, на социјалната мрежа Инстаграм сподели емотивна објава.

Тој порача дека правдата за тоа што и се случи ќе биде задоволена и „монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна“.

– Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој, напиша тој во објава на својот Инстаграм профил.

Слични содржини