Момчето на Ријана на суд поради пукање: Снимки покажуваат дека раперот имал пиштол

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Раперот АСАП Роки ќе заврши на суд поради инцидент кој се случил во јануари.

Имено, судијата одлучил да го обвини поради доказите за напад од прв степен со огнено оружје.

Вчера беше спроведено и сведочењето на детективот од Лос Анџелес, Френк Флорес, и неколку негови колеги кои дошле до видео во текот на истрагата.

Обвинителството покажало фотографии од видеото за да го поткрепи своето тврдење дека Роки имал пиштол.

Вистинскиот момент на наводното пукање не бил прикажан, а Рели, кој наводно бил нападнат од раперот, рекол дека Роки го застрелал во раката.

Тој навел дека момчето на Ријана испукало четири истрели и побегнало.

На судот беше прикажана и снимка од полициската камера на која се гледаат најмалку седум полицајци кои пристигнуваат на местото на наводното пукање и бараат докази, но не е пронајдено оружје, ниту пак се пронајдени чаурите од куршумите, пишува TMZ.

Слични содржини