Моментот која сите го чекаа ! ЕУ и НАТО потпишаа декларација за соработка

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Двете организации ги здружуваат ресурсите против заедничките закани
1467989351-sese
Во Варшава почна самитот на НАТО. Учествуваат 26 земји и претставници на клучни меѓународни организации.
ЕУ и НАТО потпишаа заедничка декларација за соработка на самитот во Варшава, соопшти ТАСС со упатување на дипломатски извор.

Документот е потпишан од генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг од претседателот на Европскиот совет  Доналд Туск и од шефот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер.

Заедничката декларација треба да обезбеди обединување на ресурсите на ЕУ и НАТО за одговор на заедничките закани, меѓу кои се миграцијата, кибератаците и хибридните закани.

Средбата на НАТО започна на 8 јули во Варшава. Во неа учествуваат 2.500 претставници од 54 земји.

Слични содржини