Момировски за можноста да не се распишат избори: „Ќе има убиени луѓе по улица“

од Nikola Popovski
295 прегледи

„Луѓето во СДСМ ја сносат најголемата одговорност, иако ДУИ управува со државата од Илинденска, односно од Мала Речица. Ако го направат овој план, треба да бидат подготвени дека ќе летаат глави. Ќе има убиени луѓе на улица“, се закани новинарот Горан Момировски во гостувањето на Лидер.фм.

Момировски и водителот Љупчо Златев во емисијата изнесуваа теории на заговор според кои власта не сака да распише избори и се закануваа до премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ дека ќе се случат црни сценарија.

„Ова делува заканувачки од новинар, но треба да бидат свесни дека за вакво национално предавство, да се обидете да ја предадете државата на владеење на други луѓе, да ја поделите државата, не само тие што учествувале ќе бидат санциионирани, со најцрни сценарија, да бидат убивани луѓе по улица, ќе има далекусежни последици по целите нивни семејства“, рече Момировски.

Слични содржини